Вештите раце на валандовчанецот Васил Тасев изработија минијатурна макета, на која е пресликана црквата „Пресвета Богородица“ во Јосифово.
Негово хоби, како што објави порталот Валандово, е изработка на макети на верски и други објекти од чкорчиња.
Како и за макетите кои ги изработил претходно Тасев и за оваа макета користел кибритки, картон и секако големо трпение, умешност и прецизност.