Градските власти поставија доплер радари на булеварот Србија во скопската населба Аеродром.
– Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставија два доплер радари за означување дозволена и ограничена брзина на булевар Србија. Досега се поставени 8 доплер радари (по 2 на булевар) на булевар Србија, булевар 8. Септември, булевар Словенија, булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, а набрзо ќе бидат поставени и на булевар Борис Трајковски, соопштија од Град Скопје.