Убава, со ангелски лик, продорен поглед, рамна снага, бујни природни атрибути од кои доминира совршено извајаното га*е, а на него „ганс енд роузис“…. Исцртани пиштоли и рози. Зашто на 29 -годишната скопјанка Наташа Неделковска или Таша Реј, како што и е уметничкиот прекар, тетоважите и се заштитен знак. Трејд марк, кој го носи речиси по целото тело, па не случајно важи за најтетовираната Македонка… Барем онаа, која јавноста ја познава.
Зашто Таша не е само убавица, туку и модел која се појавува во видеоспотовите, рекламите, модните едиторијали, фотосесиите на познатите уметнички фотографи кај нас…
Нејзината последна „игра со фотообјективот“ се случи деновиве, на која Таша на секоја фотографија, во секој кадар, со секоја своја заводлива поза, мами воздишки… кај обата пола! Особено кај посилниот, кој воодушевен или шокиран, со очи ширум отворени ужива во нејзината уметност на заведувањето.
Нејзината тетовирана стварност само го засилува уметничкот впечаток што таа заедно со мајсторот зад објективот Дарио Јанковиќ сакале да го постигнат, а во исто време ја потенцира сета нејзина сексуалност изразена преку нејзиниот необичен и уникатен сексапил…
Таша како тетовирана тигрица или секси шефица сеедно, секогаш поразлична од сите други, која во секоја нова поза, нуди естетска елеганција, зачинета со доволна доза на провокација која ги растреперува сетилата.
Мистиката на нејзиното „тату“ дополнително создава табу, за значењето на секоја тетоважа, како и зошто е исцртана токму на тоа место од нејзиното тело, кое речиси цело е прекриено со уметноста на мајсторите на иглата во голото месо!
Затоа секоја фото-поза на оваа тетовирана убавица долго се гледа и анализира, најчесто прашувајќи се, ќе запре ли овде или ќе продолжи таму каде што застанала со своите тетоважи?
Без оглед на тоа, кој што ќе каже и што се’ за себе и да слуша, оваа нежна „тетовирана душа!“