Осман Салих на својот профил на Фејсбук објави фотографии кои го шокираа светот. Поточно, тие прикажуваат група на запоставени и неухранети лавови во паркот Ал-Куреши во Картум.
Салих, кој е еден од иницијаторите на интернет-кампањата за спасување на овие сироти животни, на својот Фејсбук изјави дека по австралиските пожари, кои однесоа толку многу животни, премногу е тажно да се види страдањето на животните кое може лесно да се исправи.
Се обратиле и до надлежните органи во паркот, но тие вината ја префрлија на полицијата за животински свет, која престанала да се грижи за животните, за нивната нега и исхрана. Тие рекле дека месечниот приход на зоолошката градина не е доволен за да ги нахрани лавовите неделно.
На фотографиите јасно се прикажани условите во кои се држат и состојбата на лавовите, на кои буквално можат да им се избројат сите коски.
Поради ужасно лошите услови во кои живеат, една лавица почина. Состојбата на другите животни се подобрува благодарение на донаторите, здруженијата и експертите кои се испратени не само на овој, туку и на другите судански паркови каде состојбата е лоша.