Фотографија на Бред Пит и Џенифер Анистон што ги урна социјалните мрежи (ФОТО)

/ 20.01.2020

Средбата на Џенифер Анистон и Бред Пит на доделувањето на наградите SAG е главна тема на социјалните медиуми, а една фотографија целосно ги воодушевува фановите на бившата двојка која се разведе пред 15 години.

Бред и Џенифер се сретнале во бекстејџот, размениле неколку зборови и се смееле, а сето тоа е снимено од камерите. Но, додека Џенифер сакаше да си замине, Бред продолжи да и ја држи раката, што во моментов е фотографијата што најмногу ќе ја видите на Инстаграм, Твитер, Фејсбук …

Таа е споделена од многу познати личности, а обожавателите сега се надеваат дека ова е знак дека Бред сфатил дека никогаш не требало да му ја пушти раката на Џенифер.

„Знам дека е погрешно затоа што тој ја изневеруваше, но посакувам повторно да бидат заедно“, „Може ли конечно повторно да бидат заедно заедно? Не можам да се справам со овие фотографии“, „Оваа фотографија на Бред и Џен … Не зборувај со мене!“, „Оваа фотографија ќе го сруши интернетот”, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Да потсетиме, парот се разведе во 2005 година, откако Бред ја запозна Анџелина Џоли.


Од истата категорија