Фотографијата од медицинска сестра по четвртата смена по ред го расплака светот, а на социјалните мрежи ја објави нејзината сестра близначка.
„Да беа платени со суво злато, немаше да биде доволно“, забележала нбејзината сестра.
Медицинските сестри ширум светот се едни од најпосветените професионалци и секогаш кога ќе добиеме увид како нивните животи навистина изгледаат зад големата насмевка и поддршката за нивните пациенти, тоа не останува незабележано.
Вредната медицинска сестра од Тексас стана хит на интернет откако нејзината сестра близначка сподели фотографија на која таа плаче по особено тешка смена.
„Ќе ме убие за оваа фотографија, но дали можеме да им посветиме малку внимание на медицинските сестри?“, вели приказната Лаура, која ја фотографираше својата сестра Кети Дибари откако ја заврши четвртата смена по ред.
„Тоа се околу 53 повеќе часа работа за четири дена. Тука не се вклучени 1,5 часа дневно што ги поминува во автомобилот. Обично нема ни можност да руча или да пие доволно вода. Таа е толку добра во она што го работи, што често заборава да се грижи за себе додека се грижи за своите пациенти“, напишала нејзината сестра Лора Мекинтајр.
На фотографијата можете да ја видите Кејти како плаче, сè уште облечена во нејзината униформа. Таа седи во куќата на сестрата, со оброк во скутот кој не можела ни да го јаде поради солзите и емоциите што и се појавиле.
Не е подобра положбата ни на медицинските сестри во Македонија, а за својата работа се платени под просечната плата од 21 000 денари или околу 25 000 денари.