Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти, е пред враќање во клубот каде треба да ја преземе функцијата технички директор на клубот.
49-годишниот Франческо Тоти е еден од ретките фудбалери во светот кои играле само за еден клуб во целата своја кариера.
По завршувањето на играчката кариера, во 2017 година стана директор во Рома, но замина две години подоцна.
Со тимот на римските „волчица“, Франческо Тоти освои титула во Италија (сезона 2000/2001), а исто така двапати го освои Купот и Суперкупот на Италија.




