Во отвореното писмо до Емануел Макрон, објавено во весникот „Фигаро“, 92 француски сенатори му посочуваат на францускиот претседател дека неуспесите на Париз на полето на воената, политичката и културната соработка со Африка доведоа до интензивирање на антифранцуските чувства на континентот, а тоа се чувствува и во држави како Сенегал и Брегот на слоновата коска, кои претходно како што велат беа наклонети кон Франција.
Ситуацијата станува сè поактуелна по последните случувања во Нигер каде беше извршен пуч, а демократски избраниот претседател Мохамед Базум беше сменет од стрна на водачите на пучистите. Тие денеска и покрај ултиматумот на Економската заедница на западноафриканските држави која предвидува и воена интервенција, назначија и нов премиер на земјата.
Дел од експертите велат со ова се покажува дека на континентот сè повеќе расте влијанието на Русија и Кина, па дури и на САД.