Од идната година Франција ќе ги одданочува дигиталните моќни компании дури и ако во ЕУ не се постигне договор за воведување таков данок на ниво на Унијата. Тоа го изјави денеска францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

– Си давам сам на себе рок до март за постигнување договор за европскиот данок врз дигитални компании, изјави ле Мер за Франс 2 телевизијата.

– Ако тоа не успее ќе го воведене на национално ниво, додаде тој.

Министрите за финансии на ЕУ во вторникот не се договорија за одданочување дигитални приходи и покрај тоа што Германија и Франција пред состанокот објавија нов предлог со кој даночниот фокус би бил на компании како Гугл и Фејсбук. Неуспехот на тој состанок во Брисел беше удар за францускиот претседател Емануел Макрон чија влада во данокот вложи значаен политички капитал.