Француското Министерство за здравство соопшти дека бројот на вакцини против коронавирус, развиен од компанијата „Модерна“, ќе биде за 25 проценти помал од оној што се очекува земјата да го добие во февруари.
Недоволната испорака на вакцини ги принуди Париз и уште два француски региона да го одложат ставањето на првата доза на вакцината, пренесува Гардијан, повикувајќи се на здравствените власти и неименуван извор запознат со преговорите.