Преземањето од страна на холандската држава на 12,68 отсто од капиталот на „Ер Франс-КЛМ” е „непријателска” и „изненадувачка“, операција изјави денеска извор во француското Министерство за економија, асимилирајќи ја оваа изненадувачка операција на техниките на „трејдери“, јавува дописникот на МИА од Париз.
„Начинот на кој е стекната оваа позиција потсетува на техниките на трејдери а не на државни акционери, и е многу изненадувачки и непријателски кон Управниот совет на „Ер Франс “и другите акционери меѓу кои и француската држава, кои не биле однапред известени за оваа одлука на холандската држава “, вели министерството за финансии на Франција.
Францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер ќе се сретне со неговиот холандски колега за време на викендот, изјави портпаролот на владата на Бенжамин Гриво. – Бруно Ле Мер ќе го прими овој викенд неговиот холандски колега за да имаат искрени и пријателски разговори, но искрени, за прашањето за зголемувањето на капиталот на Ер Франс-КЛМ од холандската влада, изјави Бенжамин Гриво по Советот на министри.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика холандската влада „да ги разјасни своите намери”.
„Владата (француската ) не е информирана за оваа одлука и нејзиното спроведување…сега е на ред холандската влада да ги разјасни своите намери, рече Емануел Макрон пред разговорот со канцеларката Ангела Меркел. „Она што е важно(… е да биде зачуван интересот на претпријатието, додаде тој.
Холандскиот министер за финансии Вопке Хокстра соопшти дека Холандија влегла во капиталот на Француско-холандската авиокомпанија, додавајќи дека таа веќе се стекнала со 12,68 отсто за 680 милиони евра и дека таа планира да го зголеми учеството на околу 14 проценти.
Француската Влада, кој не беше информирана за оваа иницијатива, во моментов е најголемиот акционер на групата со 14,3 отсто од акциите.