Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ и неговата борбена група ќе отпловат во наредните денови од југоисточното француско пристаниште Тулон кон Источен Медитеран, а оттаму кон Индискиот Океан и Персискиот залив, соопшти Министерството за вооружени сили.
Таа борбена група двапати ќе учествува во операцијата „Шамал“, што е дел од меѓународна операција против ИД во Ирак и Сирија, изјави портпаролот на Министерството, Ерве Гранјан.
Распоредувањето на борбената група, која исто така вклучува 20 борбени авиони „Рафал“, исто така има за цел да ја покаже посветеноста на Франција за слобода на морепловење и усогласеност со меѓународното право, нагласи тој.
Мисијата е во време на тензии меѓу Франција и Турција, кои ги зголемија демонстрациите на сила во источниот Медитеран во последните неколку месеци и почнаа истражувања за наоѓалишта на природен гас во грчките територијални води.
Францускиот носач на авиони ќе биде придружуван од две француски фрегати, брод за снабдување и подморница, како и три странски брода: белгиска фрегата, грчка фрегата и американски воен брод.
Екипажот од 1.200 морнари на „Шарл де Гол“ е вакциниран против Ковид-19, потсетува Министерството. Минатата година, две третини од нив беа заразени на бродот.