ФРАНЦИЈА: Партија на Ле Пен победи во првиот круг од изборите, коалицијата на Макрон трета

/ 30.06.2024

Коалицијата на Макрон трета.

Според излезните анкети, во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција, екстремно десничарскиот национален митинг на Ле Пен освои 34,2 отсто од гласовите, екстремно левиот нов народен фронт 29,1, а сојузот на претседателот Макрон е трет со 21,5 отсто.

Французите избираат 577 пратеници, по еден во сите 577 изборни единици, според мнозински модел.

Во денешниот прв круг мандати ќе освојат само тие кандидати што ќе имаат над 50 отсто од гласовите на избирачите кои излегле на гласачкото место, доколку излезноста на тоа избирачко место било најмалку 25 отсто.

Во вториот круг од гласањето, кој е закажан за 7 јули, влегуваат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг.


Од истата категорија