Вработените во енергетскиот сектор кои протестираат поради пензиските реформи на претседателот Емануел Макрон денеска ја исклучија електричната енергија на најголемиот пазар за свежа храна во светот „Рунжи“ во близина на Париз, соопшти огранокот на левичарскиот енергетски синдикат ЦГТ.
Портпаролката на меѓународниот пазар изјави дека откако била исклучена струјата вклучени се агрегатите. Електричната енергија била во прекин 90 минути.
Поради исклучувањето на електричната енергија стопирани се и услугите на железничката линија го аеродромот Орли, вториот најфреквентен аеродром во Франција.
Пазарот Рунжи се простира на 234 хектари и има приход од девет милијарди евра годишно.