Националното собрание на Франција денес го одобри проширување на причините за затворање на местата за богослужба, на прво место се мисли на џамиите кои ги примаат „проповедниците на омраза“, јави дописникот на МИА.

Оваа одредба е една од последните на нацрт-законот против „сепаратизмот“, чие разгледување при првото читање во Палата Бурбон заврши во саботата.

Свеченото гласање на овој текст што го бараше Емануел Макрон со кој се „потврдуваат почитувањето на принципите на Републиката“ – неговото официјално име – е закажано за во вторник попладне, пред неговото поминување во Сенатот.

Членот 44 усвоен во саботата воспоставува постапка на затворање во траење од два месеца од страна на префектите на места за богослужба театри на говори, идеи, теории, активности кои предизвикуваат омраза или насилство или имаат намера да ги охрабрат.

Оваа одредба го проширува опсегот на закон од 2017 година, кој предвидува ваква мерка само во контекст на борбата против тероризмот. Овој закон дозволи во последните три години да се затвораат осум муслимански верски места, од кои последната беше џамијата во Пантин (Сена-Сен Дени) во октомври, по убиството на професорот Самуел Пати.

Десницата безуспешно бараше со амандмани заострување на мерките, вклучително и продолжување на периодот на привремено затворање.

Кај левицата, комунистот Стефан По ја осуди „колективната казна“ со која „стапи покажувањето со прст на целата заедница“.

-Кога имате свештеник педофил, не ја затворате црквата, рече тој.

-Ако нема повеќе места кои ќе ги пречекаат проповедниците на омраза, малку по малку тие веќе нема да проповедаат, тврди министерката за граѓанство Марлен Скиапа.

Пратеникот Гијом Вилете од Републиката во марш, сметаше дека не е потребно „да се остават тие да бидат заложници“ на „сепаратистичките“ проповедници.

Со другите членови на нацрт-законот потврдени во саботата се зголемуваат казните против одговорните за говори на омраза и други провокации во или во близина на места за богослужба, ја зајакнуваат забраната за политички состаноци на овие места или забрануваат поединец осуден за тероризам да води религиозно здружение десет години.

Маратонското разгледување на овој предлог-закон траеше петнаесет дена или 80 часа на пленарна седница, дење и ноќе, со околу 2.700 амандмани, од кои 144 беа усвоени.

Текстот, содржи голем број мерки за неутралност на јавниот сервис, борба против омразата преку Интернет, надзор над семејното образование – најдискутираната одредба – зајакната контрола на здруженијата, подобра транспарентност на религиите и нивното финансирање, па дури и борбата против сертификати за невиност, полигамија или присилни бракови.

Неколку тенори на француската влада – Жералд Дарманан (Внатрешни работи), Ерик Дипон-Морети (правда) или Жан-Мишел Бланкер (образование) – го бранеа овој нацрт-закон, кој има за цел да го „одбележи“ крајот на петгодишниот мандат на Емануел Макрон.

Левицата и пратениците од Непокорна Франција и комунистите го осудуваат непријателскиот пристап кон муслиманите како целина и недостатокот на социјални мерки за спротивставување на притисокот на радикалниот ислам. На крајот од ова прво читање, „нашето несогласување останува, рече пратеникот од Непокорна Франција Алексис Корбие.

Овој текст „ја промашува целта“, оцени од своја страна пратеникот од редовите на Републиканците Патрик Хецел. Десницата повторно неуспешно бараше „радикалниот исламизам“ да биде назначен по име во насловот на законот, наместо општ наслов за вредностите на Републиката.

МИА