Француската Влада во борба против верскиот екстремизам ќе преземе повеќе активности, масовни и без преседан, меѓу кои е и претрес во џамии, изјави министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин.
Тој на Твитер напиша дека една од акциите ќе биде и проверка на 76 џамии во земјата.
Дарманин истакна дека резултатот од полициските акции, доколку се утврди поврзаност со екстремизам, би можело да биде и затворање на одделни џамии.