Француските обвинители отворија официјална истрага за осомничениот маж кој призна дека го подметнал пожарот во катедрала во Нант.
Триесет и деветгодишен бегалец од Руанда, кој доброволно работел како чувар на катедралата „Свети Петар и Павле“ од 15 век, синоќа повторно бил испрашуван од обвинителите и потоа притворен, објави францускиот весник „Ле Монд“.
Цитирајќи го обвинителот, Пјер Сени, весникот објави дека осомничениот ја признал одговорноста за пожарот што го подметнал на 18 јули на три различни места во зградата. Тој првично го негираше тоа.
Осомничениот не е идентификуван, а неговиот адвокат кажа дека тој многу се кае за тоа што го сторил.