Остатоци од францускиот воен авион „Мираж 2000Д“, што денеска за време на снежна бура исчезна од радарите во близина на границата со Швајцарија, се пронајдени во Мињовилара, но по двајцата пилоти се уште се трага.
– Се надеваме дека ќе ги пронајдеме живи. За сега се водат како исчезнати, изјави портпаролот на француските военовоздухопловни сили Сирил Дививије.
Тој додаде дека со пилотите не е воспоставен никаков контакт откако авионот денеска претпладне исчезна од радарите, а исто така немало сигнал дека тие се катапултирале. Во потрагата се вклучени припадници на планинската служба за спасување, на полицијата, војници, пожарникари и локални жители.
Видливоста во областа е многу мала, има густа магла и врне снег.