Според анкетата на Ифоп за весникот „Журнал ди диманш“, слабее довербата на Французите за тоа како Владата се справува со здравствената и економската криза предизвикана од ширењето на коронавирусот, јави дописникот на МИА.
Само 38 отсто од испитаните Французи, изјавиле дека имаат доверба во Владата да се справи со епидемијата со коронавирусусот. Губењето на довербата е акцентирана, бидејќи од последното испитување направено на 26 и 27 март, таа се намали за 6 поени.
Според истата студија, околу 45 отсто (- 3 поени) од анкетираните имаат доверба во владата да им помогнат на претпријатијата да се справат со кризата.