Француската премиерка Елизабет Борн денеска нагласи дека Франција има намера да ја ре-национализира фирмата за електрична енергија ЕДФ со цел енергетска безбедност на државата.
– Денеска ви потврдувам дека државата има намера да држи 100 проценти од капиталот на ЕДФ. Со тоа ќе му се овозможи на ЕДФ да ги зајакне своите капацитети за да ги спроведе во најкус можен рок своите амбициозни и незаменливи проекти за нашата идна енергија, изјави таа пред пратениците во нејзиното прво појавување по парламентарните избори.