Француските власти денеска соопштија дека белгиски борбен авион Ф-16 се урнал во западниот дел на Франција и оти еден од пилотите паднал врз далновод.
Авионот се урнал вчера, во близина на градот Плувиње.
Еден од пилотите бил спасен, а другиот – кој паднал врз далноводот бил извлечен од спасувачките екипи. На подрачјето каде се урна авионот, никој не е повреден.
Портпарол на полицијата изјави дека 100 полицајци пристигнале на местото на несреќата и го испитуваат случајот.