Дивата новогодишна забава со техно музика организирана јужно од Рен, која започна во четвртокот навечер, заврши изутринава откако беше демонтирано озвучувањето. Околу 2.500 млади од цела Франција, па дури и од странство, се собраа во близината на Рен и покрај забраната за јавни собири и прослави, јави дописникот на МИА.
Немаше интервенција од полицијата, соопшти префектурата, прецизирајќи дека жандармите вршеле проверки и казнувања на учесниците, кога тие заминуваа. Вкупно беа казнети околу 1250 учесници на забавата, особено за непочитување на полицискиот час, неносење маска и незаконско учество на собир. Полицијата систематски ги проверуваше сите што го напуштаа периметарот на забавата, пеш или со автомобил. Лицата што биле проверуваени биле особено испрашувани за земање наркотични средства, а нивната осетливост на очите била проверена со употреба на светло.
Полицијата чекала „да биде доволно бројна“ за да интервенира, откако во четвртокот вечерта, жандармите се обидоа „да ја спречат оваа забава и се соочија со насилство и судири при што е запалено е жандармериско возило.
Спасувачите и здруженија на граѓани беа на лице место за да дистрибуираат гел и маски „за да се ограничи ризикот од ширење на вирусот во рамките на собирот. Отворена е истрага за „незаконско организирање на празничен музички собир“, „намерно насилство врз лица кои имаат јавни овластувања,“ „оштетување на имот на трето лице во група“, „скриена работа“, „незаконско точење на алкохол “ и„ кршење на законодавството за наркотични дроги и олеснување на нивната употребата “.
Инаку според податоците на министерството за внатрешни работи во текот на новогодишната ноќ низ цела Франција имало 660 апсења и силите на редот напишале 6600 казни за непочитување на полицискиот час. По 45 400 контроли. Притоа 25 припадници на силите на редот биле повредени во судири во повеќе градови.