Маскирани во сончогледи, пекари или горила, околу 6.500 луѓе, речиси сите млади и демаскирани, вчера им се спротивставија во Марсеј на здравствените ограничувања против Ковид-19 со неовластен карневал квалификуван како „издишување“, но полицијата која го растури собирот го смета за тотално „неодговорен“, јави дописникот на МИА.
Полицијата мораше да интервенира близу до Старото пристаниште во Марсеј за да го растури неовластениот собир. Според полицијата уапсени сев седум лица.
-Тоа е непријавен и неодговорен настан затоа што ограничувањата не се почитуваа. Ние спроведуваме проверки околу поворката, особено за носење маски и прекршителите ќе бидат казнети, посочи полицијата, проценувајќи го бројот на учесниците на 6.500.
Речиси истовремено во Анеси, се одржа друг собир без заштитни маски „за слобода“, на кој имаше околу илјада учесници. Собирот организиран од колективот „Да ја зачуваме насмевката“, бара олеснување на здравствените мерки.