Француските власти ги замрзнаа средствата на Банката на Русија во износ од 22 милијарди евра, како и сметките и имотот на поединци кои се под санкции од западните земји, изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер.
-Замрзнавме средства на руската централна банка во износ од 22 милијарди евра. Ги замрзнавме и средствата на сметките на физички лица во француските компании во износ од 150 милиони евра, изјави министерот Ле Мер за радио „РТЛ“, пренесе агенцијата ТАСС.
Тој додаде дека на француска територија се замрзнати средства во вкупна вредност од „половина милијарда евра“ во сопственост на околу 30 Руси.