Неколу ловци со куче, зад кои оди мазга со убиена дива свиња, поминуваат низ долината за време на снежна бура пред која си свиткува едно дрво.

Гоја – овде помалку ужива во бравурозноста – се концентрира на општиот ефект на снежните тонови под тешкото бреме на тмурното небо, распоредувајќи мошне промислено по површината со префинети хроматски варијации.

Групата, од предводникот со пушката, па се до мазгата, опфатена е со движење во одреден правец, истакнувајќи се наспроти позадината со рамономерни површини.

И во прикажувањето на фигурите, посебно првите две лево, уметникот се користи со крајната сликарска слобода. Кршејќи го потегот со четката во таа мера што речиси постигнува поентилистички ефекти со мошне силни и полетни вибрации на тоновите.

Сликата е масло на платно, се наоѓа во музејот Прадо во Мадрид.

Насликана е кон крајот на 1786 или почетокот на 1787 година.

Димензии – 275х293 см.