Од почетокот на протестите на „жолтите елеци“ во Франција на 17 ноември 2018 година, па досега, вкупно се приведени 8.700 лица, од кои на над 2.000 им се изречени пресуди за насилно однесување, соопшти француската министерка за правда Никол Белубе.
Како што јави МИА, од вкупно осудените лица, 40 проценти добиле затворски казни во траење од еден месец до три години, а останатите 60 отсто биле казнети со општествено корисна работа или условно.
Покрај ова, уште околу 1.800 приведени за време на демонстрациите, што повеќе од четири месеци се одржуваат секоја сабота, чекаат судење.
Белубе ги поздрави безбедносните мерки кои беа воведени за вчерашните протести, на кои не беше забележано насилство, како на собирите минатата сабота.
Според француското Министерство за внатрешни работи, вчера на улиците ширум Франција излегле околу 40.000 припадници на „жолтите елеци“, при што биле уапсени 233 лица, од кои 172 се задржани во притвор.
На уште 107 лица им биле изречени парични казни за обид за учество во „забранети собири“