Француската левичарска коалиција „Нупес“ денеска соопшти дека планира на 5 јули да поднесе иницијатива за гласање недоверба на владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Нупес“ по вчерашните парламентарни избори е втора по големина група во Долниот дом на парламентот, но нема доволно гласови за да ја усвои иницијативата за недоверба и има малку сојузници во многу фрагментиран парламент, оценуваат западни медиуми.

Според последните податоци од вториот круг парламентарни избори во Франција, коалицијата „Заедно“ на претседателот Макрон освои 38,48 отсто од гласовите или 245 места во Собранието, што значи дека не успеа да го задржи апсолутното мнозинство.

Левичарската коалиција „Нупес“ на Жан-Лук Меланшон освои 131 место, а „Националното собрание“ на Марин Ле Пен 89 мандати.