Француски јавен обвинител соопшти дека веројатно има над 340 жртви на хирургот-педофил Жел Ле Скуарнек, кој беше обвинет пред две години, а во моментов е во притвор во очекување на судењето закажано за март 2020 година со обвинение за силување и сексуален напад врз четири малолетни лица, јавува дописникот на МИА.
Ако се докажат сите случаи, тој тогаш ќе биде најголемиот педо-криминалец во француската историја. Пред викендов во Лориент се одржа средба зад затворени врати со десетици потенцијални жртви на хирургот Жел Ле Скуарнек, истражните органи и јавниот обвинител Лорелин Пејрфит.
Овој поранешен доктор-специјалист, сега на возраст од 68 години, е обвинет за силување и сексуален напад врз десетици малолетни пациенти во текот на 30 години од неговата кариера.
-Оваа средба е чисто информативна за потенцијалните жртви во случајот. Таа мора да остане строго приватна, рече обвинителот Лориен Пејрефит, потврдувајќи ги информациите од дневниот весник Оуест-Франс.
Обвинителот кој одржа прес-конференција по информативната средба на околу 110 лица, потенцијални жртви и роднини, во близина на Лориент, рече дека „бројот на потенцијални жртви е 349“. Последната бројка за бројот на потенцијални жртви беше 250.
-Меѓу овие факти, некои се веќе застарени, рече обвинителот на Лориент, каде се подготвува предмето кој веќе е опишан како „досега невиден“, додавајќи дека „229 лица беа сослушани, од кои 197 имаат поднесено пријави“.
Јавниот обвинител исто така посочи дека истрагите, спроведени од секторот Истражувања на Поатје, биле особено тешки заради бројот на податоците и поради „честопати неподносливата литанија на напишаното (од докторот)“.
-По извршената анализа на разни запленети компјутерски податоци, пронајдени се 300.000 фотографии, 650 видео записи и значителен број на текстови, ставени во различни датотеки класифицирани по хронолошки редослед, кои беа пронајдени и кои требаше да бидат предмет на „длабинска анализа“, рече Пејрефит.
Жоел Ле Скуарнек беше уапсен во 2017 година, откако девојчето на неговиот сосед, тогаш на деветгодишна возраст, најпрво на своите родители им кажала дека била жртва на лекарот, кој бил нивни сосед. По обвинението, овој специјалист за дигестивна хирургија беше ставен во притвор во затворот во Сентс во очекување на неговото судење, кое се очекува да се одржи од 13 до 17 март 2020 година, пред кривичниот суд на Шарант-Маритин во Сентс. Тогаш ќе му се суди за силување и сексуален напад врз четири жртви, малолетни лица за време на настаните.
Овие акти датираат од 1989 до 2017 година. Во овој период, хирургот работел во Туреа, Лош (Индр-ет-Лоара), Бретања, Ван и Лориент (Морбихан) и Шарснт-Маритим, во болницата де Јонзак, местото на неговото последно живеалиште.
Хирургот, кој делумно ги призна овие факти за кои ќе му се суди, треба да има барем уште едно соочќување со судот. Во 2017 година, инспекторите од секторот за истражување од Поатие, одговорни за истрагите, во тетратките пронајдени во домот на специјалистот пронашле десетици имиња на деца и на тоа што биле изложени од страна на специјалистот додека „тие беа малолетни.
-Со полу-медицински полу-детски речник, угледниот хирург од Јонзак опиша овде како“играл со клиторисот “на едно мало девојче”, како ја лижел (…)” на друго. Наслов на овие две дигитални тетратки „Вулвет“ и „Квекет“ “, објави весникот Ле Парисиен кон средината на ноември, во кој се опишува хоророт.
Жандармите можеа да идентификуваат 250 потенцијални жртви и 184 од нив сакаат да поднесат кривична пријава. Во Морбихан беа заведени 100 потенцијални факти, а 23 други во Финистер.
Во 2005 година, Жоел Ле Скоунек беше осуден на казна затвор во траење од четири месеци за поседување слики со детска порнографија. Тој сепак продолжи да ја практикува својата професија потоа. Во 2017 година, иследниците од одделот за истражување во Поатие повторно откриле детска порнографија во неговиот дом, и предмети како што се играчки, перики и кукли што му овозможиле да ги задоволи своите фантазии.