Француски научници докажаа дека на некои места не е возможно да виреат какви и да било организми.
Стручните лица нагласуваат дека, имајќи предвид дека водата е основниот услов за појава и одржување на некаква форма на живот, на некои места на Земјата нема услови за живот. Конкретно, трудот објавен во „Нејчр еколоџи анд еволушн“ (Nature Ecology & Evolution) ја посочува долината Далол во Етиопија.
Истражувањето посочува дека водата во езерата во оваа вулканска долина е премногу солена и заситена со магнезиум, а нејзината температура достига и 108 степени Целзиусови. Според научниците, не постои жива клетка што може да опстане во такви услови.
Тие успеале да најдат живот во близина на долината, а тоа се главно едноклеточни организми.