Долго зборуваниот француски предлог предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија. Ова се првичните информации коишто пристигнуваат во врска со францускиот предлог.
„Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за … Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација, а се очекува да биде одобрен од другите земји – членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат во Европа. „Западен Балкан треба да се придвижи кон ЕУ“, пишува бугарскиот портал Медиапул, повикувајќи се на изјави на дипломати.
Вниманието и во Скопје и во Софија е целосно свртено кон францускиот предлог, од кој се очекува одговор дали има можност за тргање на бугарското ветото и отворање на вратите на ЕУ за Западен Балкан. Најавите се дека Франција ќе го испрати нацртот на новата преговарачка рамка за Македонија до Бугарија и до другите земји-членки.
Според Бугарското национално радио, веќе во текот на денот се очекува тој да се најде пред Владата, а потоа ќе мора да оди во бугарскиот парламентот, откако Советот на министри, по барање на премиерот Кирил Петков, одлучи токму тоа да носи одлуки за сите прашања поврзани со Македонија и ветото.