Во новото мислење доставено до француската Влада, Научниот совет го отвора патот за проширување на пристапот до третата доза на целата возрасна популација, почнувајќи од најстарите луѓе, јави дописникот на МИА од Париз.

Научниците се залагаат за „проширување на работата на далечина“, „повторно воведување на носење маска на одредени места“, „ограничување на собири“, дури и за зајакнување на тестовите на училиште.

Научниот совет, исто така, ја повика Владата „да размисли за третата доза за вакцинација за целото население шест месеци по примарната вакцинација“ и предлага да се вклучи оваа засилена доза во здравствената пропусница за лицата на возраст од 50-64 години „со приспособена временска важност.