Францускиот предлог влегува во македонското Собрание!
80-та седница на Собранието се закажува за 14.7.2022 (четврток), со почеток во 13:00 часот, со точка на дневен ред “Информација од Владата на Македонија за францускиот предлог за европските интеграции”.
Владата одлучена да го протурка и покрај тоа што јавноста уште не знае што е договорено и какви последици тоа ќе остави на Македонија.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието се уште немаат излезено со официјална информација за седницата.
Владата според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.