– Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска предупреди дека неговата земја е во „смртна опасност“ поради националниот долг, најавувајќи дека Франција мора да го намали својот буџет за 40 милијарди евра.

-Станавме зависни од јавните трошоци, рече Бајру, додавајќи дека со секоја секунда што поминува, долгот на Франција се зголемува за 5.000 евра, објавува „Ле Фигаро“.

Тој истакна дека долгот на Франција се зголемува за повеќе од 150 милијарди евра годишно и се приближува до бројка од околу 3,3 трилиони евра.

-Мора да преземеме одговорност. Ова е последната станица пред карпата, рече тој.

Тој изјави дека Франција нема дефицит, туку едноставно долг.

-Повеќе од 50 години, нашите јавни трошоци ги надминуваат нашите приходи. Самиот дефицит не постои. Тоа е едноставно долг, рече Бајру.