Францускиот премиер Франсоа Бајру денес објави дека ќе ги укине законите што го регулираат ропството во колониите, воведени за време на Луј XIV, кои сè уште постојат иако во голема мера се заборавени, објавија денес француските медиуми.

Оваа збирка закони од 17 век, позната како Црн законик, била повторно спроведена од Наполеон, објавува БФМТВ.

Бајру изјави дека ќе поднесе предлог до парламентот за укинување на Црниот законик, за кој се надева дека ќе биде едногласно усвоен. Така тој одговори на прашање од пратеникот Лоран Панифу, кој го замоли да ги укине овие прописи воведени во 1685 година.

Панифу нагласи дека, иако би било логично декретот за укинување на ропството во 1848 година да го укине и Црниот законик, тоа не беше случај.

Минатата сабота во Брест, по повод одбележувањето на 10 мај, Денот на сеќавање на жртвите на ропството, Бајру ги повика Французите да не молчат за ужасната и монструозна историја на овој феномен.