Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката. Голем, внимателно плетен систем во кој се поврзани политиката и бизнис интересите, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршнниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Овој енергетски „октопод“ на Мицкоски има длабоки и широки пипци.
Од Душан Адамовиќ, функционер на СНС, навивач, човек со криминално минато и почесен конзул, преку офшор структури на Кипар води до „Rudnap Group“ на Војин Лазаревиќ, а се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.
Потоа мрежата се шири:
Во Развојната банка, каде Мицкоски ја поставува Ефимија Димовска, сопруга на неговиот бизнис партнер во хидроцентралите . За секој бизнис потребна е банка
Во РЕК Битола, каде директор станува Иван Куковски, близок до семејството на Мицкоски и поранешен советник на Божиновска. Таму се контролира производството на струја.
И конечно – во Регулаторната комисија за енергетика, со изборот на Ацо Ристов каде се носат одлуките за цените.
Сите алки се на место: Од производство и увоз на струја, преку финансии, до регулација.
Го потестуваме новиот Јавен обвинител.
Поминаа 3 месеци, време е за постапување, доста беше молк
Три месеци нема никаква реакција за сериозни скандали и индиции за криминал кои беа јавно објавени од АКТ.
Очекуваме итно постапување и за бизнис шемите на Мицкоски во енергетиката.
Да не чекаме уште три месеци, па повторно да дознаваме апсурди – дека на некого татко не му е татко.
Одговор на новинарско прашање
СДСМ со мерки за намалување на цените, власта не презема ништо
„Искрено, СДСМ и сега, меѓутоа и во континуитет во изминатиот период кога доаѓаше до ценовни шокови беше одговорна партија со одговорни пратеници и константно предлагавме мерки за подобрување на стандардот на граѓаните во овие ситуации. Или барем за ублажување на последиците од кризата, од кризите. Искрено не очекувам ништо од мнозинството на ВМРО- ДПМНЕ, нити очекуваме, бидејќи и до сега видовте што се случи со законот за минимална плата. Па да се вратиме наназад и со законот за поддршка на семејствата на жртвите од Кочани. Никогаш ВМРО-ДПМНЕ немал одговор за темите коишто директно не ги не ги засегаат, но ние на нас останува да продолжиме да се бориме со вакви мерки, да бидеме гласни кон заштита на стандардот на на граѓаните.„
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: СДСМ




