Антикорупцискиот тим на СДСМ ја објавува бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката. Започнува од едно име за кое Мицкоски не сака да се зборува – Душан Адамовиќ. Преку Адамовиќ, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО, доаѓаме до офшор компанијата од Кипар, од каде почнува одмотувањето на ова бизнис-енергетско клопче, стои во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор, што МИА го пренесува интегрално.

Погледнете го овој октопод.

Започнува од едно име за кое Мицкоски не сака да се зборува – Душан Адамовиќ.

Мицкоски го назначи за почесен конзул во Србија, а 15 дена бегаше од одговор за неговата поврзаност.

Преку Адамовиќ, функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО, доаѓаме до офшор компанијата од Кипар, од каде почнува одмотувањето на ова бизнис-енергетско клопче.

Од офшор структурата на Кипар е компанијата „Altaria Research Limited“, која води до „Rudnap Group“, енергетски холдинг на српскиот бизнисмен Војин Лазаревиќ.

Фокусот е бизнисот со струја, а како што ќе откриеме и други бизниси кои индиректно се поврзани со струјата.

Врската со Владата на Мицкоски е директна. Тука Мицкоски има уште еден свој човек – министерката за енергетика Сања Божиновска, која се поврзува директно со „Руднап“.

Била извршен директор во „Руднап Груп“ и управител во „Руднап ДООЕЛ Скопје“.

Кругот меѓу бизнис интересите во енергетиката и политичките позиции се заокружува и со поставување на други луѓе на клучни функции.

Во Развојната банка Мицкоски ја назначува сопругата на неговиот партнер во хидроцентралите, Ефимија Димовска. За секој бизнис потребна е банка.

Во РЕК Битола, најголемиот производител на струја, директор станува Иван Куковски – близок до семејството на Мицкоски и поранешен советник на Божиновска.

Зошто е важен РЕК?

Бидејќи кога се произведува помалку струја, Македонија мора да увезува скапа струја од надвор.

Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со откривање на оваа бизнис мрежа. Следуваат нови сегменти за врските во Србија, Чешка и Австрија.

Во Србија се отвора нова линија:

Адамовиќ е партнер со „Руднап“, каде сопственик е Војин Лазаревиќ.

„Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“. За таков сличен проект „Скопје на вода“ се зборуваше во Македонија.

Но за овој сегмент од мрежата ќе откриваме понатаму. Оваа мрежа допрва ќе се одмотува.

Дали сега е јасно зошто на ВМРО-ОКГ им смета кога ги споменуваме СНС и Вучиќ?

Почитувани граѓани,

Кога ќе видите покачена сметка за струја, сетете се на оваа мрежа. Тука лежи причината.

Кога ќе видите покачени цени, кога Мицкоски ќе ви каже дека нема пари за плати, дека сте хистерични кога барате поголеми плати – ова е позадината.

За Мицкоски сè е само бизнис.

Фото: СДСМ и Архива