Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека намерите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд треба да се сфатат сериозно. Воедно, таа повтори дека и Данска и Гренланд категорично ги отфрлаат таквите амбиции.
– За жал, сметам дека изјавата на американскиот претседател дека го сака Гренланд мора да се сфати сериозно, изјави Фредериксен за Данското радио и телевизија.
Таа додаде дека јасно ја изнела позицијата на Кралството Данска и потсети дека Гренланд во повеќе наврати соопштил дека не сака да биде дел од САД.
– Ако САД нападнат друга земја членка на НАТО, тогаш сè завршува, изјави уште Фредериксен.




