Сопственикот на „Вез Трејд“, Зоран Златковски ги отфрла сомневањата дека се работи за злоупотреба што фирмата добила 270 илјади евра грантови од Националната агенција за европско образование и мобилност.

Во писмена изјава испратена до медумите Златковски вели дека тој не фризер, туку наставник, обучувач, консултант кој работи на полето на образованието во последните 25 години како професор по стручни предмети и координатори на бројни проекти.

-И тоа е неспорен факт кој не дозволува со потценувачки и омаловажувачки пристап да се објавува како “фризерница добила 270.000 евра грантови“. Прво, не добила фризерницата, туку добила фирмата Вез Трејд која има поширока дејност од само “фризерница” и прашува зарем ако е “фризерница” не смее да учествува и аплицира во образовни проекти?, вели Златковски во писмената изјава, пренесува Република.