Фрлање отпад на јавно место, маска или отпушок од цигари може да се казни со парична казна од 135 евра, наместо 68 евра како досега, стои во според нацрт-декретот кој го претстави државниот секретар за еколошка транзиција во француската влада Бруне Пуарсон, јави дописникот на МИА .

Овој нацрт-декрет, кој се однесува на маски, ракавици, отпушоци од цигари, се до диви депонии за отпадоци, треба да биде претставен кон средината на јуни. Паричната казна би можела да достигне и до 375 евра, или дури 750 евра ако полицијата подготви извештај и ја проследи до судот, според Министерството.

Оваа мерка е дел од  насоките за кружната економија започната во 2018 година и која „наоѓа ново ехо со„ Ковид-19 “, со зголемувањето на бројот на нов отпад поврзан со здравствената криза“ наместо тој да биде фрлен во соодветното место за ѓубрето, се вели од министерството.

-Секој мора да разбере дека секој отпад фрлен на земја често завршува во океанот, изјави  Бруно Пуарсон, во соопштението за печатот.

-Ако сакаме чисти мориња и океани, тоа започнува со чисти тротоари, продолжува државниот секретар, кој во неделата оди во Леже-Кап-Ферет, Жиронд, во пресрет на Светскиот ден на океаните, каде е планирано собирање на пластичен отпад. Министерството исто така планира да ги интензивира кампањите за информации за да ги охрабри луѓето да не фрлаат ѓубре на било кое место.