Антонио Гвоздиќ од Славонија, Хрватска, објави снимка на Фејсбук од нива, на која фрлаат тони лубеници бидејќи, како што вели, немаат кому да ги продадат.

Антонио Гвоздиќ, кој работи со својот татко во ОПГ, Маријан Гвоздиќ, прашува: „Каде да ја пронајдам волјата да останам во оваа земја и да се ангажирам во земјоделството кога во 20-тата година од мојот живот доживувам вакви работи“.

Објаснува дека морале да фрлат повеќе од 25 тони лубеница бидејќи немаат кому да ги продадат.

-Во трговските ланци се продаваат лубеници од Мароко, Албанија, Грција и други земји. Да размислиме малку за она што го купуваме, па и тие ќе размислат што ќе продадат, Да ја читаме декларацијата на производот и да купуваме домашни производи, бидејќи тоа е единствениот начин да се спаси хрватското земјоделство”, напиша Гвоздиќ.