Фудбалската репрезентација на Англија вчеравечер го совлада Косово со 4:0 и ја заврши 2019 година со 38 гола. За Британците, ова е најдобриот резултат во ефикасност во последните 111 години.

Во 1966 година, кога Англија стана светски шампион за прв и единствен пат, тимот исто така постигна 38 голови, но тогаш беа потребни 17 натпревари, а во 2019 година – само 10.

Англичаните постигнаа повеќе голови пред 101 година. Тогаш тие на само седум средби, 39 пати го погодија голот на противникот.