Борусија Дортмунд го победи РБ Лајпциг со 4:1 во финалето на Купот на Германија одиграно синоќа во Берлин.

Тренерот на „црно-жолтите“, 38-годишниот Един Терзиќ стана најмладиот тренер во 21 век кој го освоил овој турнир.

За одбележување е дека кога Вердер Бремен го освои фудбалскиот Куп на Германија во 1999 година, главниот тренер на клубот од Бремен, Томас Шаф, во тоа време имаше исто така 38 години.