Напаѓачот на англискиот премиерлигаш Вест Хем, Мајкл Антонио (29) предизвикал сообраќајна несреќа, облечен како снежен човек.

Антонио излетал од патот со своето Ламборџини вредно 250.000 фунти во јужен Лондон, забивајќи се во дворот на една куќа, притоа рушејќи ја оградата и ѕидот.

Шокираните сопственици веднаш истрчале надвор од куќата за да му помогнат на 29-годишниот англиски напаѓач. Веднаш биле повикани полиција и пожарникари, но освен материјална штета, нема никој повреден.

– Одекна како бомба, целата куќа се тресеше. Кога излеговме надвор од куќата, видовме шокантна глетка. За среќа, никој не е повреден – изјави 20-годишната Киа Росина, која се подготвувала за Божиќна вечера со семејството.


Напаѓачот на Вест Хем веднаш стана хит на социјалните медиуми откако се појави видео во кое тој излегува од уништениот автомобил облечен како снежен човек.

Антонио еден ден подоцна играше за Вест Хем во пораз од Кристал Палас со 1:2 .