Фудбалерите и фудбалерките на Република Ирска ќе добиваат ист износ на премии за натпреварите во националните тимови, соопшти Ирската фудбалска федерација (ФАИ).
– ФАИ со гордост објавува дека играчите, кои ги претставуваат машката и женската сениорска репрезентација ќе добиваат исти премии за меѓународните натпревари во рамки на „револуционерниот договор за ирскиот спорт“, се наведува во соопштението.
– Ова е голем ден за ирскиот фудбал, изјави капитенката на Ирска, Кејти МекКејб.
Меѓу првите земји, кои ги изедначија премиите меѓу машкиот и женскиот фудбал се Англија, Бразил, Нов Зеланд и Норвешка.