Фудбалскиот интернационалец Мохамед Салах несебично им помага на жителите на неговото село во Египет, па таму досега изгради болница, училиште, младински центар и амбуланта, но тука не е крајот на донациите.
Салах ќе донира 400.000 евра за систем за прочистување на вода за жителите да можат да пијат чиста вода, а исто така им дава на сиромашните семејства по 4.000 евра месечно.
Ѕвездата на Ливерпул на Египет донираше три милиони евра за лекување од рак, а даде и 60.000 евра на една Универзитетска болница во татковината.
Репрезентативецот на Египет заработува 12 милиони евра годишно, од кои одвојува за да им помага на неговите сонародници.