Ова е апсурдистан, коментира на фејсбук новинарот Фуркан Салиу.

Салиу открива дека името на Александар Василевски – Нинџа е помеѓу 48-те лица за кои се бара помилување од претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Иначе, меѓу овие 48 лица за кои се бара помилување е и името на Александар Василевски – Нинџа. Апсурдистан, пишува Салиу.

Соогласно правниот систем во Македонија, секој затвореник кој ги исполнува законските одредби може да побара помилување, постапката најпрво започнува судот кој потоа молбата ја доставува до Министерството за правда и само откако ќе добие барањето потпис од министерот, во случајов министерот Бојан Маричиќ може да одлучува Koмисијата за помилување на претседателот која е составена од 11 члена во моментов на чело со шарената Уранија Пировска.

Според информациите на Салиу, Маричиќ веќе го ставил својот потпис и се чека на одлука на Комисијата.

Салиу исто така тврди дека Маричиќ се потпишал и на документите за помилување на Бобан Илиќ, осуден за сообраќајка по која почина четиргодишниот Алмир.