На доделувањето на Оскарите, некои дами се посрамотија за сите пари. На црвениот тепих продефилираа дами во раскошни креации, а меѓу нив се најде и по некое промашување.
Според светските медиуми, една од најлошо стилизираните дами беше актерката Андра Деј. Таа, според оценките на модните експерти, е најлошо облечена жена на 93-тото по ред доделување на Оскарите.
Иако многу згодна, актерката успеа да ги истакне само несовршеностите на своето тело. Фустанот речиси ништо да не сокриваше, а многумина дури го нарекоа и вулгарен.
„Топот“ два броја помал и долен дел од фустанот кој само „лежерно“ паѓа дефинитивно не е добар избор за ваква престижна церемонија.
-Таа е чист доказ дека многу заиси од гардеробата и дека ложиот избор може да направи совршено градена жена да изгледа многу лошо, коментираат стилистите.
Дали се согласувате со ваквите коментари, оставаме сами да процените.