Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, вчера во архиепископската резиденција го пречекал митрополитот Андреј од Критската архиепископија – Вселенска патријаршија, соопштија од Скопската епархија.
Двајцата разговарале за актуелности во сеправославната екумена, а особено за најновите настани поврзани со МПЦ-ОА.
Митрополитот Андреј, кој инаку е и редовен прфесор на Аристотеловскиот универзитет во Солун, велат од скопската епархија, на архиепископот Стефан ги пренел поздравите и честитките од вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод божиќните празници и неговиот именден.
Покрај во Скопје, гостинот изминатите денови ги посетил и светилиштата на МПЦ-ОА и во Охрид, како и Бигорскиот манастир.
Претходната недела во посета на Скопје и на средба со архиепископот Стефан беше рускиот митрополит Антониј, задолжен за меѓународните односи на Руската православна црква (РПЦ).