Веднаш по обзнанувањето на веста на патријархот Порфириј дека Српската црква ја прифаќа автокефалноста на МПЦ-ОА, свој говор одржа и г.г. Стефан, поглаварот на нашата црква.
Има се заблагодари од името на архиереите, монаштвото и верниот народ на МПЦ-ОА.
– Како да го разбереме ова денешно собрание, ако не со случувањата на воскресението. Црквата од секогаш била една и единствена, обединета од духот свет. Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на националното. Тие наши претци се радуваат заедно со нас. Верувам дека деновиве конечно се радосни сите што сакаа да ја видат возобновена Охридската Архиепископија.
И нашата осумдесетгодишна заложба за самостојна Црква никогаш немала и нема за цел да нè оддели од Телото Христово, туку да ни дозволи и ние, подобно на другите православни народи, слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ, овде, во Татковината и насекаде по светот, до каде што нѐ има. Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние што сонуваа да ја видат обновена својата Охридска Архиепископија, да ја видат автокефална, или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на Охридскиот Архиепископ. Тие наши предци сега од небесната Црква се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство“.
Неодамна, во градот на двете реки – во Белград, под оној велелепен свод на Светосавскиот храм, воскликна радоста на народот Божји, и од Македонија и од Србија, та како гласно да се слушна воздишката на олеснување и на нашите предци и на сите нас. И таа радост на братското помирување, која произлезе од мајчинската иницијатива на Мајката Црква – Вселенската Патријаршија и на Неговата Сесветост, а од која произлезе и снисходливоста, полна со љубов и разбирање од сестринската Српска Патријаршија, се случи токму во најрадосниот период од годината – во ова духовна лето на благословената Педесетница. А, еве, и вториот литургиски празник на сослужение, кога Бог ни даде, „со една уста и едно срце“ да Го прославивме Неговото пречесно и великолепно име, повторно промислителски го славиме во значаен момент – на празникот на светите сесловенски просветители Кирил и Методиј“.
Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар. Тогаш, Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј ќе ни го врачи актот за официјално прифаќање на нашата каноничност и за сослужување со сите Помесни православни цркви.
Дај Боже да биде вечно делото на љубовта, како што, впрочем, се молеше Господ Христос: да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе, па така и тие да бидат едно во Нас. Амин-заклучи г.г. Стефан.