Се подобрува глобалната економска состојба, но тоа се одвива многу бавно, пред се, поради неизвесноста и големиот јаз меѓу економиите на различните земји, напишаа министрите за економија и финансии и гуверенерите на централните банки на земјите од Г-20 во заедничката изјава по вчера оддржаната видео-конференција.

Г20 признава дека има знаци на подобрување на глобалната економска состојба по значителниот пад во 2020 година. Ова може да се припише на почетокот на кампањите за вакцинација и политиките за поддршка на економијата.

Но, министрите и шефовите на централните банки предупредуваат на несигурноста и нестабилноста, како и на големата разлика меѓу земјите во темпото и изгледите за закрепнување на економијата, се наведува во документот објавен на веб-страницата на италијанското Министерство за економија и финансии, земја претседавач со форумот Г20.

Земјите од Г20 ја потврдија својата заложба за зајакнување на глобалните здравствени системи и правичната дистрибуција на вакцини против коронавирусот, за кои се вели дека се достапни за сите.

Покрај тоа, како дел од обезбедувањето поддршка за најранливите земји, Г20 одлучи да ја продолжи иницијативата за суспензија на долгот за уште шест месеци, до декември годинава.

Исто така се дискутирало и за воведување на меѓународна минимална стапка на корпоративен данок, тема што е особено чувствителна за различните даночни раеви и компаниите што ги избираат за да плаќаат што е можно помалку даноци.

Следниот, трет, состанок на министрите за економија и финансии и гуверенерите на Централната банка под италијанското претседателство ќе се одржи од 9 до 10 јули во Венеција и ќе се совпадне со самитот за климата.

Г20 се состои од 19 најразвиени земји во светот плус Европската унија.